Главниот град на Австрија е културна и историска Мека на Европа која има многу палати, музеи и други архитектонски занимливости. На листата на најпосетени места во градот кои мора да ги посети секој светски патник се токму следните локации.
1. Панорамското тркало Виенер Рајсенрад, Пратер

Ако сакате да ја видите целата Виена одеднаш, качете се на панорамското тркало во состав на забавниот парк Пратер. Станува збор за 65 метри висока градба изградена во 1897 година, која ви обезбедува возење во траење од 20 минути, но и можност за да направите фантастични фотографии. Цената за влез во Рајсенрад изнесува 9.50 евра.
2. Шенбрун, Шенбрунер Шлоштрасе

Барокната палата под заштита на УНЕСКО е една од најголемите туристички атракции во Виена. Станува збор за некогашна летна резиденција на Хабсбурговците во која Франц Јосиф се оженил за кралицата Сиси. Спектакуларниот Шенбрун брои околу 1.400 простории, а внимание привлекуваат и неговите величествени градини поради кои често го нарекуваат и Мини Версај. Цената за влезница со водич изнесува околу 18.90 евра.
3. Виенската зоолошка градина, Шенбрун

Најстарата зоолошка градина во светот е отворена во дамнешната 1792 година како дел од Шенбрун и претставува единствен спој на култура и природа во која е можно да се разгледаат 700 животински видови. Ова е најблиската зоолошка градина во „соседството“ ако во живо сакате да видите големи панди или загрозени сибирски тигри. За деца до возраст од шест години влезницата е бесплатна, постарите деца плаќаат дневна карта од 8 евра, а возрасните 16.50 евра.
4. Хофбург, Хелденплац

Во центарот на Виена доминира палатата Хофбург, која до 1918 година се сметала за седиште на Хабсбуршката монархија. Низ времето, овој простор се доградувал и надградувал, па во царскиот комплекс денес се наоѓа и Музејот за природни науки, делови од Музејот за историја на уметноста, Етнолошкиот музеј, Музејот на кралицата Елизабета, австриската национална библиотека и многу други културни задоволства. Посетата чини 12.50 евра.
5. Шпанската школа за јавање, Мишелерплац 1

Претставата на Шпанската школа за јавање е ултна виенска институција која опфаќа своевиден „танц“ на коњи липицанер во Кралските штали проследен со класична музика. Картите за оваа аудио-визуелно задоволство морате однапред да ги резервирате (цената е 109 евра по личност), но дел од спектаклот може да се види за време на утринскиот тренинг, од вторник до сабота измеѓу 10 и 12 часот, по цена од 35 евра за возрасни.
6. Виенската државна опера, Опернринг 2

Ова е најпознатата автриска оперска куќа, но и една од најважните во цела Европа. Во текот на целата година во ова седиште на барокната опера и современиот музички театар, настапуваат Виенската симфонија, Радискиот симфониски оркестар на Австриската радиотелевизија, Хорот Арнолд Шоенберг и многу славни гости. Во зависност од претставата, билетите чинат од 15 до 230 евра по личност.
7. Хотелот Сахер, Филхармоникер Ул. 4

Каква би била посетата на Виена без уживање во славната Сахер торта? Сахер тортата од бисквити, чоколади и мармалад од кајсии е дело на виенскиот слаткар Франц Сахер, која може да се проба ширум градот. По изворниот рецепт се подготвува во Хотелот Сахер, а целата торта може да се купи по цена од 23 евра. Добар апетит!