Како да го одржите јасното помнење после 50-тата година: Јадете ги овие намирници и мозокот ќе ви работи како часовник

Точка

28/08/2025

13:26

1.656

Големина на фонт

а а а

„Нешто не е во ред со моето помнење...“, сигурно оваа реченица сте ја слушнале повеќе пати, а можеби и самите сте се фатиле себеси како нешто заборавате.

После 45-тата година ваквите моменти стануваат почести и многумина се прашуваат: Дали тоа е првиот знак на стареење?

Добрата вест е што мозокот не е „машина“ која се расипува туку жив орган способен да создаде нови врски во текот на целиот живот. Лошата вест е доколку не го тренираме, помнењето навистина станува мрзеливо.

1. Движете се секој ден

Физичката активност е најдобриот „лек“ за мозокот. Одењето, вежбањето или дури движењата во домот ја подобруваат циркулацијата и дотокот на кислород. Истражувањата покажуваат дека 20-30 минути шетање дневно го намалуваат ризикот од деменција и до 40 отсто.


2. Тренирајте го мозокот како мускул

Мозокот сака задачи и предизвици. Не е важно дали тоа се крстозбори, правење нов рецепт, користење апликации, читање разни книги или учење песни напамет, важно е тоа да не биде рутински.

3. Јадете здраво

Исхраната директно влијае на помнењето. Мозокот особено сака риба богата со омега 3 масни киселини, ореви и семки, бобинки, маслиново масло и зеленчук. Премногу шеќер и брза храна го ослабнуваат помнењето.


4. Грижете се за сонот

Во текот на сонот мозокот сортира информации и ги пренесува во долгорочното помнење. Доколку сонот е краток или нередовен, помнењето трпи. После 45-тата година се препорачува најмалку 7 часа сон, со легнување и будење во исто време.

Заклучок:

Помнењето не е подарок којшто еднаш исчезнува туку вештина која може да се одржува и развива во секоја доба. По 45-тата година особено е важно да воведете здрави навики: движење, ментален тренинг, правилна исхрана, добар сон и дружење.