Германско-американската манекенка Хајди Клум (51) и нејзината 21-годишна ќерка Лени заедно се појавиле на отворањето на филмскиот фестивал во Венеција и предизвикале лавина реакции на социјалните мрежи.
Тие носеле креации од модниот бренд „Intimissimi“, инаку спонзор на фестивалот, но реакциите за нивните фустани биле поделени.
Имено, бројни модни критичари го осудиле модниот избор на манекенката Хајди и ќерка ѝ Лени. Хајди избрала розов фустан со корсет и проѕирни, мрежести детали.
„На хартија ова би ги имало сите елементи на сензуален, впечатлив момент, но во пракса делувало недовршено. Конструкцијата на фустанот е лоша за нејзината фигура“, изјавиле модните критичари.
Лени избрала да носи црна верзија од истиот фустан, но со измени на здолништето и делумен изрез на грбот, но не ги задоволил целосно модните критичари. Модната комбинација ја надополнила со накит.
Хајди носела дијамантски ѓердан со камен во облик на солзи во средина, со впечатливи обетки, додека пак Лени избрала смарагден ѓердан со бели дијаманти кој го искомбинирала со обетки.