[ФОТО] „Благословена сум што посетив 75 земји, светот ми даде повеќе од само знаменитости“: Ноне си посвети објава на својот посебен ден

Точка

29/09/2025

11:42

1.243

Големина на фонт

а а а

Поранешната македонска пејачка која се прослави преку музичко талент шоу, Ноне Неделковска, наполни 39 години.

Таа веќе подолги години не живее во Македонија, а на својот Инстаграм профил често објавува фотографии од егзотични места кои ги посетува во текот на животот.

Нашата Ноне наполни 39 години, а по тој повод си посвети и објава на Инстаграм, пејачката напиша:

„39 денес. Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузери - најдобрата одлука во мојот живот!

Светот ми даде повеќе од само знаменитости - ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде.

Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го видов со свои очи. Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност.

Останатите делови од светот сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца.

За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“.

Под објавата Ноне доби многубројни честитки за овој свој посебен ден.