Силвио Берлускони, еден од најистакнатите политичари во Италија, е роден на денешен ден во 1936 година. Неговата кариера ја одбележаа сексуални скандали, бројни обвиненија за корупција, како и осуда за даночна измама.
Познат по својот контроверзен стил на живот, Берлускони ја започна својата врска со Марта Фашина, тогаш 31-годишна италијанска политичарка, во пролетта 2020 година, кога тој имаше 85 години. Тоа се случи по неговото раскинување со дотогашната партнерка Франческа Паскале, која беше 49 години помлада од него. Откако нивната врска стана јавна, Фашина не престануваше отворено да ја покажува љубовта што ја чувствуваше кон Берлускони.
Во август 2022 година, Марта ги истетовира неговите иницијали – SB – на својот домал прст, што претходно го направија и неговите поранешни партнерки Сабина Беган и Франческа Паскале. Покрај тоа, нејзиниот телефон секогаш имал маска со ликот на саканиот Силвио.
Парот ја круниса својата љубов со раскошна церемонија за која Берлускони, според проценките, потрошил најмалку 400.000 евра. Настанот се одржа во историската вила Џернето, во местото Лезмо, северно од Милано, каде поранешниот премиер симболично реши да ја официјализира врската со младата членка на „Форца Италија“. Церемонијата наликувала на вистинска венчавка: 32-годишната Фашина носеше венчаница со вел, имало и свадбена торта, а парот влезе и во црква – иако не беше одржан официјален црковен обред.
Причината поради која никогаш не склучија официјален брак беа несогласувањата со децата на Берлускони околу неговиот имот. Се смета дека сите пет негови возрасни деца, кои никогаш не ја прифатија новата партнерка на нивниот татко, биле длабоко огорчени од неговата намера официјално да се ожени со Фашина, бидејќи со тоа таа би добила законско право на значителен дел од неговото богатство.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Марта била „навредена и многу лута што не добила вистинска венчавка“. Сепак, изгледа на крајот ја надминала горчината бидејќи на денот на церемонијата, со бела шминка и насмевка на лицето, блескала во импресивната „венчаница“.
Силвио Берлускони почина на 12 јуни 2023 година, а на Марта Фашина ѝ остави 100 милиони евра. Таа не присуствуваше на читањето на тестаментот. Поголемиот дел од имотот, кој се проценува на 5 милијарди евра, го остави на своите деца.