Еден од филмовите што несомнено ќе ја одбележат 2025 година е „One Battle After Another“ на режисерот Пол Томас Андерсон, во кој ќе ги гледаме Леонардо Дикаприо, Бенисио дел Торо, Реџина Хол, Шон Пен и уште неколку ѕвезди.
Новиот акционен трилер премиерно беше прикажан на 8 септември во Лос Анџелес, а оттогаш се одржаа уште неколку премиери ширум светот. За време на промоцијата, актерската екипа се појави заедно, а една фотографија особено привлече внимание на социјалните мрежи.
Популарниот профил „Film Updates“ објави портрет од дел од екипата на едно од собирањата, а корисниците на „X“ веднаш го забележаа Шон Пен, кој не делува како да е во најдобра форма.
Со разбушавена коса, намуртено лице и уморен израз, Шон Пен дефинитивно отскокнувал од Дикаприо, Чејс Инфинити и режисерот. Тоа, се разбира, предизвика бројни шеги на „X“.
Leonardo DiCaprio, Sean Penn, Chase Infiniti and Paul Thomas Anderson via IG 📸 pic.twitter.com/BGfD8q2cmQ
— Film Updates (@FilmUpdates) September 27, 2025
„Дали некој го бутнал Шон Пен по рид?“, „Пен изгледа како стара кадифена играчка фрлена покрај пат, преку која поминале илјада автомобили“, „Дали Лео го довлечка татко му од старечки дом за да се сликаат?“, „Шон Пен навистина поминал од една битка во друга“, „Ох, погледнете, дедото Шон Пен!“, се само дел од коментарите.
Сепак, многу обожаватели на актерот се загрижени за неговото здравје, па така има и коментари дека можеби нешто не е во ред со него, или дека кожата на Шон Пен едноставно ги носи последиците од децении пушење цигари.
Што се случува со Шон Пен?
Изгледот на Шон Пен привлече внимание и пред неколку месеци, кога беше гостин во подкастот на Луј Теру, а многумина се загрижија за неговото здравје и забележаа дека изгледа како да остарел за многу кратко време.
Славниот оскаровец, најпознат по улогите во филмовите „Milk“ и „Mystic River“, во август наполни 65 години. Колку што е познато, тој нема здравствени проблеми.
Зад себе има три брака, а по славната љубов со Мадона, беше во брак со Робин Рајт и Лејла Џорџ, додека веќе некое време е во врска со 34 години помладата Валерија Ников, молдавска актерка и манекенка.