Јавно ја молеше сопругата да имаат трето дете: Славниот пар ја објави најубавата вест - бебето доаѓа

Точка

29/09/2025

12:42

1.249

Големина на фонт

а а а

Актерот Киран Калкин и неговата сопруга Џез Чартон со која е во брак од 2013 година наскоро ќе станат родители по трет пат, а оваа убава вест ја открија на црвениот килим по повод премиерно прикажување на претстава.

Веста за проширувањето на семејството не е неочекувана, бидејќи актерот често јавно зборувал за тоа како тој и неговата сопруга би сакале повеќе деца, а на доделувањето на наградите „Еми“ на почетокот од 2024 година, ја замоли сопругата за трето дете.


Калкин ѝ се обрати на сопругата и на овогодишното доделување на наградите Оскар, потсетувајќи на нивниот специјален договор, и додаде дека Џез му ветила дека ќе му подари уште едно дете ако ја освои престижната награда, што и се случи.


Односно третото дете сега навистина е на пат и семејството ќе биде проширено со уште еден член, токму како што посакувале.


Инаку Киран и Џез се во брак од 2013 година и имаат петгодишна ќерка, Кинзи Сио и тригодишен син, Вајлдер Волф. Но дали најмалите ќе добијат брат или сестра, останува да се види.