Латино ѕвездата Џенифер Лопез отворено говорела за разводот од Бен Афлек и изненадувачко позитивната страна која ја нашла во тоа искуство.
Во емисијата „CNBS News Sunday Morning“, пејачката и актерка (56) признала дека прекинувањето на љубовта со Афлек (53) била „најдобрата работа која се случила“.
„Ми помогна да растам на начин на којшто морав да растам“.
Интересно е тоа што Афлек е извршен продуцент на нејзиниот нов филм „Kiss of the Spider Woman“ којшто премиерно бил прикажан на „Sundance“ фестивалот во јануари, а истиот месец двајцата љубовници ставиле крај на нивниот брак.
Лопез се присетила дека работата на тој проект дошла среде бурниот период во нивните приватни животи.
„Беше многу тешко. Секој момент на сетот беше радост, а дома не беше прекрасно. Се прашував: Како да функционирам во ова?“.
Љубовна приказна со издигнувања и падови
Пејачката и актерот првпат се запознале во 2002 година и набрзо потоа се вериле, но раскинале во 2004 година. По години одвоен живот и други бракови, повторно се споиле во 2021 година и се венчале во Лас Вегас во јули 2022 година, а потоа приредиле церемонија во Џорџија.
Меѓутоа, две години подоцна Лопез поднела барање за развод поради „ненадминливи разлики“.
Фокус на кариерата и нови предизвици
Според зборови од извори блиски до пејачката, Лопез денес добро се чувствува и посветена е на кариерата, особено на промоцијата на филмот „Kiss of the Spider Woman“.
„Долго го чекаше овој момент. Среќна е и благодарна на својот живот“, открил инсајдер.