„За сѐ се виновни луѓето во сиви костуми“: По средбата со татко му, принцот Хари повторно ги изговори зборовите на својата покојна мајка – еве зошто

Точка

29/09/2025

14:00

1.011

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари на почетокот на септември пристигна во својата најдолга посета на Обединетото Кралство во изминативе три години, а една од значајните средби кои ги оствари беше со неговиот татко, кралот Чарлс.

Ова беше првпат од септември 2024 година и кралската дијагноза дека боледува од канцер да се сретнат.

По средбата во медиумите беа објавени детали од состанокот долг 53 минути, што 41-годишниот Хари го навело повторно да го впере прстот кон „мажите со сиви костуми“ од Бакингемската палата, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го саботираат неговото смирување со кралот.


Иако разговорот поминал во пријатен тон и меѓусебно разменување подароци, со договор дека синот на Чарлс може да учествува и во повеќе јавни настани, но не како активен претставник на кралското семејство, извори блиски до британските владетели неколку часа по средбата по пат на медиумите порачале дека на Хари нема да му биде дозволено враќање во облик „половина внатре, половина надвор“ член на семејството.

Ова го налутило Хари којшто ги обвинил дворските советници, користејќи ја истата фраза која ја користела и неговата покојна мајка принцезата Дајана, мажите во сиви костуми, за кои и двајцата тврдат дека ги саботираат.

Се верува дека Хари е бесен поради тоа што смета дека одредени неименувани службеници од Палатата спроведуваат координирана кампања со цел да ги уништат неговите обиди да се зближи со татко му, така што во медиумите даваат негативни информации.


„Односите меѓу војводата и неговиот татко се нивна работа“, изјавил извор близок до Хари за „Daily Mail“.

Хари веќе долго време ги обвинува високите дворски службеници за кои тврди дека стојат зад негативните приказни за него и Меган Маркл.

Уште во својата биографија ја спомнал тајната тројка која ја нарекол Пчела, Оса и Мува, која според неговите тврдења, водела напнати преговори околу отстапувањата од кралските должности пред пет години.

Инаку, по интервјуто со Опра Винфри, документарецот и биографијата, кралското семејство ја изгуби довербата во Хари,а медиумите пишуваа дека кралот и принцот Вилијам не сакале да разговараат со него.