[ФОТО] Тамара Тодевска за Точка: Лето исполнето со концерти, нова песна и семејни авантури

Точка

29/09/2025

21:18

613

Големина на фонт

а а а

По завршувањето на топлите летни денови, решивме да ја прашаме Тамара Тодевска како го поминала летото - за неа било полно со музика, настапи, нови проекти и семејни моменти.

„Лавиринт“ и спот низ Скопје со пријатели и јавни личности

За Тамара летото започна мошне работно – со издавање на нејзината најнова песна „Лавиринт“. Веднаш по премиерата, пејачката со својот тим сними и спот низ улиците на Скопје. Она што го прави овој проект посебен е тоа што во него се појавуваат многу јавни личности, блиски луѓе на Тамара, како и нејзини пријатели и соработници.

Концерти низ Македонија

Работниот дел од летото не застанува тука. Тамара вели дека имала „навистина многу свирки“, настапувајќи на концерти во повеќе градови ширум Македонија. „Среќна сум што заедно со бендот настапивме во повеќе градови и публиката имаше можност да нѐ слушне во живо,“ додава пејачката.

Соработки со брендови

Паралелно со музичките настапи, Тамара реализирала и соработки со неколку брендови, што го направило нејзиното лето уште подинамично и исполнето со активности.

Одмор со семејството

Сепак, како што истакнува, летото е и за одмор. Затоа, дел од времето го посветила на патувања со своите деца. Заедно летувале во Турција и Грција, а уживале и во домашните туристички бисери – Охрид и Маврово. „Направивме некој микс од море, езеро и планина,“ раскажува пејачката.

Враќање кон секојдневието

По бурното и динамично лето, Тамара вели дека сега повторно е време за школо и за тековните обврски кои ја очекуваат во есенскиот период.

Автор: Ц.Н.