[ВИДЕО] Британска пејачка колабирала среде настап: Била итно хоспитализирана

Точка

29/09/2025

09:46

941

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Лола Јанг (24), најпозната по хитот „Messy“ од 2024 година, колабирала за време на настап на музичкиот фестивал „All Things Go“ во Њујорк. Инцидентот се случил во саботата навечер додека таа ја изведувала песната „Conceited“ на стадионот „Форест Хилс“.

Кратко пред да ја изгуби свеста, Јанг емотивно ѝ се обратила на публиката, алудирајќи дека поминува низ тежок период во својот живот.

„Изминатите неколку дена беа многу предизвикувачки за мене. Понекогаш се чувствувам како да не можам повеќе да продолжам, но утрово се разбудив и сепак решив да дојдам тука“, рече пејачката пред публиката, изјава што подоцна доби дополнителна тежина со оглед на она што следувало.

Откако ѝ била укажана помош, таа се огласи на социјалните мрежи за да ги смири обожавателите. „До сите вас што ме гледавте вечерва – сега сум добро. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, напиша таа на Инстаграм.

Нејзиниот менаџер, Ник Шајмански, изјави дека тимот понекогаш мора да преземе мерки на претпазливост за безбедноста и здравјето на Лола.

„Лола е неверојатна личност која многу сериозно ги сфаќа својата музика, обожавателите и кариерат. Жал нѝ е за непријатностите што ги предизвика оваа ситуација“, рече тој.

Потсетуваме во 2022 година, Јанг јавно проговори за своето ментално здравје, откривајќи дека страда од шизоафективно растројство – сериозна состојба која комбинира симптоми на шизофренија (халуцинации, делузии) со нарушувања на расположението како што се депресија или манија.


Дијагнозата ја добила на 17-годишна возраст, откако со години погрешно верувала дека страда од депресија или биполарно растројство.

Поради природата на болеста, пејачката повеќе пати истакнала дека ѝ е тешко редовно да настапува и да оди на турнеи. За време на манични епизоди, кои можат да траат до еден месец, таа страда од несоница и интензивни емоционални промени, вклучувајќи чувство на вина и срам.