Лекарите ќе можат да им препишат на пациентите одење на пат. На прв поглед апстрактно, но концептот наскоро ќе стане реалност...
Пациентите ширум светот наскоро ќе можат да добијат рецепт за патување во Шведска. Пациентите треба да ги привлечат присуството на природата, чистиот воздух и богатата листа на активности кои позитивно влијаат на физичкото и менталното здравје.
Шведска е позната по недопрената природа, пространите шуми и чистиот воздух, а сега се проглси за прва дестинација на светот „достапна на рецепт“.
Благодарение на новата иницијатива „Visit Sweeden“, пациентите од било кои земји можат да добијат специјално лекарско упатство кое по консултациите со доктор на приватна здравствена заштита, се поттикнуваат на уживање во убавините на шведската природа и начините на живот како елементи на терапијата.
Природата и културата на Шведска како лек
Во рамките на проектот „шведски рецепт“ докоторите можат да препорачаат активности кои го поддржуваат физичкото и менталното здравје, од капење во ладна вода која ја подобрува циркулацијата, до посета на сауна која помага во подобрување на сонот.
На листата се и шетање низ шумите, традиционалните нордиски спа-центри, локалните културни настани, како и познатата шведска пауза за кафе – фика.
Иницијативата се потпира на научните истражувања кои ја потврдуваат регенеративната моќ на природата, културата и општествениот контакт.
Светската здравствена организација со години ја истакнува улогата на природното опкружување во превенција на болести, а во многу од земјите веќе се развива т.н. „зелен рецепт“ којшто ги поттикнува пациентите да поминат време на свеж воздух.
Рецепт за одмор: Моќен медицински темел
Д-р Стејси Белер Страјер од организацијата „Park RX America“, била цитирана од страна на порталот „The European“, оценувајќи ја шведската идеја како моќен медицински темел
„Природата, општеството и културата имаат реална регенеративна моќ. Шведска изобилува со тие ресурси. Со задоволство ќе разговарам со пациентите за тоа како да го искористат овој потенцијал, а доколку побараат препорака за патување во Шведска, отворена сум за тоа“, нагласува таа.
Шведска веќе подолго време се наоѓа на врвот од светските ранг-листи за квалитет на живот и заштита на животната средина. Голема улога има и „allemansrätten“ што значи „право на слободно движење“.
Тоа им гарантира на жителите и туристите пристап до шумите, езерата и руралните подрачја. Земјата е позната по ладната клима која го поттикнува активниот живот, како и по богатата културна понуда од музеи до светски познати музики и уметности.