Рускиот биохемичар и доктор по природна медицина, Марва Вагаршаковна Огањан, зад себе има повеќе од четири и пол децении искуство во медицинската пракса и лабораториската работа.
Во текот на целата кариера несебично споделувала свои знаења, истражувања и практични совети, настојувајќи на луѓето да им помогне однапред за нивното здравје и да им го продолжи животот.
Нејзините теории и методи основани се на проучување на примероци на современите болести како алергии, хипертензија, канцер, дијабетес и многу други тегоби кои модерната медицина често ги сместува во категории „болести на цивилизацијата“.
Според нејзиното учење, патот кон здравјето почнува со едноставни правила на исхраната и чистење на организмот.
Храна како основа на здравјето
„Никој не сака да се разболи. Желбата ништо да не те боли е целосно природна, болестите се токму злосторство против организмот“, тврди Огањан.
Според нејзиното мислење, избалансираната исхрана не го менува само телото туку и психата. Правилната исхрана носи јаснотија во мислите, подобра енергија и го јакне имунитетот, додека пак неправилната храна создава терен за болести.
Симптомите не се болест туку сигнал
Огањан нагласува дека современата медицина главно ги третира симптомите, а не причината за болести.
„Симптомите не можат да се излекуваат. Тие можат повремено да исчезнат, но повторно ќе се појават, без оглед на тоа дали ќе бидат во ист или поразличен облик. Најлошо од сѐ е тоа што болеста тогаш преминува во хронична состојба или се развива во нешто многу посериозно“, објаснува таа.
Како пример ја наведува поврзаноста меѓу болестите од детството и сериозните дијагнози во поодмината доба:
„Доколку како дете често сте биле болни од воспаление на белите дробови, немојте да се чудите доколку заболите од канцер на дојка. Болестите се трансформираат, тоа е природен процес, иако многу од докторите не го разбираат тоа“.
Смртта доаѓа од цревата
Една од нејзините клучни пораки гласи: „Смртта доаѓа од цревата“.
Децата, како што вели, посклони се кон болестите затоа што нивните тела полесно се загадуваат со токсини и нечистотии од храната. Во цревата се собираат остатоци од храната, слуз, па дури и паразити, а тој отпад спречува апсорпција на хранливите материи.
Според природната медицина, редовното чистење на цревата и правилната исхрана е темел на здравјето и долговечноста.
Добра и лоша храна
Марва предупредува дека храната може да биде и лек и отров.
За лоша ја смета индустриската храна која се служи во мензите, градинките, училиштата, болниците и војската затоа што е полна со адитиви и нездрави комбинации.
„Тоа е вистинско злосторство за детското здравје“, нагласува таа, додавајќи дека одредени европски земји како Швајцарија, во детските установи воведуваат храна богата со овошје, зеленчук, чај со мед, што е целосно доволно за правилен раст и развој.
Најважниот совет – свест за здравјето
„Доколку сакате да бидете здрави, мора да ја развиете општествената свест“, вели Огањан.
Таа нагласува дека општеството често само создава проблеми, како алкохол и алкохолизам, а потоа вложуваат напори да ги решат.
Рецептот на Марвин за чистење на организмот од паразити
Според нејзините зборови, алкалната средина ги убива паразитите, а најсигурниот начин PH вредноста во организмот да се зголеми е да се воведе исхрана базирана на овошје и зеленчук.
Нејзин совет е од менито да ги исфрлите брашното, тестенините и слатките.
„Кога телото ќе се ослободи од паразитите и токсините, повторно се воспоставува природна рамнотежа и здравје“, тврди Марва.