Брачниот пар Јокиќ, Наталија и Никола Јокиќ, неодамна го прославија четвртиот роденден на своето постаро дете, ќерката Огњена. Погледнете како изгледаа познатиот кошаркар и неговата сопруга за оваа свечена пригода.
Насмевките на гордите родители се највпечатливиот момент на оваа фотографија од роденденот на малата Огњена, но погледите ги привлекуваат и нивните стајлинзи.
Наталија Јокиќ го прославила големиот ден на својата ќеркичка во свилен фустан со асиметричен крој, кој е многу свечен, но и удобен, што се забележува на прв поглед. Накитот бил исклучително дискретен, а ниту шминката ни фризурата не биле премногу впечатливи. Сè било со мера, без какви било врескави, скапи брендови.
Многу познати личности сакаат со облеката да го истакнат својот материјален статус и јасно да покажат дека можат да си дозволат скапа гардероба. „Залудно сите пари на овој свет и најскапи фустани, ако на прв поглед не нè „издаде“ таа скапотија“, мислат тие. Но, Наталија Јокиќ прави сосема спротивно. Без разлика колку чини нејзиниот фустан, што воопшто не е спорно, нејзиниот стајлинг „не боде очи“, барем не на негативен начин.
Вниманието што го привлекува е исклучително позитивно, а истото може да се каже и за начинот на облекување на Никола Јокиќ, ѕвездата на НБА. Славниот кошаркар од Сомбор носел лежерна спортско-елегантна комбинација. Иако модниот изглед на неговата сопруга бил погламурозен, сината кошула што ја носел совршено се вклопила со облеката на нејзиниот фустан.
За мултимилионерот Јокиќ, чиј најголем имот е семејството и талентот што ретко се среќава, фалењето му е целосно непознато. Токму затоа и е толку омилен.
Да потсетиме, брачниот пар Јокиќ го има и синот Игњат, кој сигурно се забавувал одлично на роденденот на својата сестра.