Крцкавите компирчиња со омиленото месо и салата секогаш се непогрешлив избор за ручек, но многу од домаќинките не можат да го најдат најдобриот начин за нивна подготовка за истите да бидат крцкави и сочни.
Но, не грижете се, светски познатиот готвач Џејми Оливер има трик со помош на којшто ги подготвува вкусните печени компирчиња.
Доколку сакате однадвор да бидат крцкави, а однатре сочни, Џејми Оливер советува прво да ги сварите во солена вода околу 10-на минути, а пoтоа да ги исцедите пред да почнат да пукаат.
Џејми Оливер потоа додава по една лажица масло и вински оцет, па ги распоредува компирчињата во плех за печење.
„Обрнете внимание како ги распоредив во плехот. Сега ќе ги печам околу 50 минути на 180 степени. Клучно е да ги извадите по 40 минути и потоа да ги притиснете со гмечалка за компири за да бидат благо вдлабнати. Потоа вратете ги да се печат уште 10-на минути и ќе ги добиете вашите меки, а воедно и крцкави компирчиња“, препорачува Џејми Оливер.