[ВИДЕО] Холанѓанец патува сам низ светот и вели дека ова се најбезбедните места во Европа: „Две години подоцна, моето мислење не е променето“

Точка

24/09/2025

14:37

4.002

Големина на фонт

а а а

Холандскиот креатор на патописна содржина, Лук Патрик, патува сам и ја има посетено речиси секоја европска земја. Тој открил каде се чувствувал најбезбедно, а за еден соло патник, источна Европа се покажала како едно од најдобрите места.

„Ова се десетте најбезбедни земји во Европа според моето искуство. Сум патувал во речиси секоја европска земја повеќе пати, така што моето мислење не се базира на едно добро или лошо патување во некоја земја. Како што можете да забележите, на оваа листа има многу земји од источна Европа. Тоа не е случајно“, напишал тој во една објава на Инстаграм.


Полска на врвот на листата

„Источна Европа е многу побезбедна во споредба со Западот. Особено големите градови во западна и северна Европа не се толку безбедни колку што би очекувале“, додал Лук.

Тој објаснил дека големите градови во источна Европа генерално се „исклучително безбедни, чисти и гостопримливи кон патниците“. На врвот на неговата листа се наоѓа Полска, која со својата храна и импресивна архитектура привлекува милиони туристи секоја година.


„Две години подоцна, моето мислење не се променило. Сè уште сум вљубен во сите земји од источна Европа и нема да престанам да ги истражувам сè додека не го посетам секое оддалечено село што може да се најде!“, напишал тој.

Данска на второ место

Лук открил и кои земји ги смета за најбезбедни надвор од источна Европа. „Финска, Данска и Португалија сепак се најдоа на листата“, објаснил тој, а потоа ја споделил и својата омилена дестинација во Европа воопшто.

„Португалија генерално е мојата омилена земја во западна Европа“, изјавил.


Данска го зазела второто место на листата на Лук, а веднаш зад неа следат Унгарија и Финска на трето и четврто место. Уште една дестинација од источна Европа, Чешка, се нашла на петтото место.


Босна и Херцеговина, во југоисточна Европа, го зазела шестото место, додека Словенија и Србија се најдоа на седмо и осмо место. Омилената дестинација на Лук, Португалија, е на деветто место, а Романија на десетто.