[ФОТО] Грчката принцеза го украла вниманието во една од најинтересните креации: Бојата е здодевна, но ако се одлучите за овој модел сите ќе бидат воодушевени од вашиот стил

Точка

25/09/2025

21:28

1.845

Големина на фонт

а а а

Згодната грчка принцеза Марија-Олимпија редовно предизвикува воодушевување со своите стајлинзи, кои секогаш се фантастично осмислени. Позната како поборник на модниот минимализам, редовно избира едноставни кроеви и префинети силуети, а нејзините стајлинзи секогаш се многу забележани.

Атрактивната 27-годишна принцеза Марија-Олимпија од Грција, позната по својот префинет стил, за посетата на Модната недела во Лондон одбра елегантна комбинација што совршено го одразува шармот и суштината на овој легендарен британски бренд.

Марија-Олимпија носела тренди тренч палто од „Burberry“ во сива боја – нијанса која понекогаш неоправдано ја носи титулата „досадна“ – а креацијата со интересен детаљ ѝ прилегала одлично.


Беспрекорниот изглед го надополнила со шик сандали, совршено стилизиран боб со раздел, додека со црвен кармин ги нагласила усните. Овој „beauty“ пристап исто така го одразува нејзиниот личен стил – едноставен, но секогаш импресивен.


Инаку, убавата принцеза е најстарото дете на принцот Павле од Грција и Американката Марија-Шантал Милер. Растела помеѓу Њујорк и Лондон, што го обликувало нејзиниот космополитски пристап кон модата. Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, на одделот за фотографија, што го објаснува нејзиното изострено чувство за естетика.


Редовно се појавува на престижните модни настани и позната е по соработката со луксузни брендови како „Dior“, „Chanel“ и „Burberry“, потврдувајќи го својот статус како една од највлијателните млади членови на европските кралски семејства.