[ФОТО] Оваа куќичка чини само 1.000 евра, а може да го издржи и најлошиот земјотрес: Што мислите – од што е изградена?

Точка

26/09/2025

11:23

897

Големина на фонт

а а а

Во март 2025 година моќен земјотрес со магнитуда од 7,7 го погодил централниот дел на Мјанмар и го разорил Мандалеј, втор по големина град во земјата.

И покрај разорувањето, 26 бамбусови куќички кои пред земјотресот биле изградени за семејствата раселени поради конфликт, останале целосно недопрени.

Овие куќички можат да се изградат за помалку од една седмица, а нивната цена одговара на просечен паметен телефон. Системот е направен врз основа на иновативната употреба на снопови од тенок бамбус, кои се претвораат во цврста затворена рамка.


Во изградбата учествувале самите семејства со поддршка на технички тим, а конструкциите се смислени така што рамномерно да се распореди оптоварувањето во случај на земјотрес и да се овозможи флексибилност во распоредот на просториите и фасадите, пишува „e-architect“.

Овој настан ја потврдил ефективноста на проектот и покажал дека е можно да се создаде евтино, отпорно и достоинствено живеалиште во кризни услови.

Финансиска поддршка и модели на градење

Проектот не опфаќа само еден тип куќи туку користи три пристапи:

Модуларни и брзи куќи отпорни на земјотреси и ветрови.

Прирачник којшто на заедниците им овозможува самостојно градење од локални материјали.


Модел на финансиска поддршка кој ги надоградува веќе постоечките домови со стручно советување.

Сите три методи заедно го сочинуваат флексибилниот алат за градење на живеалишта во кризни моменти, приспособливи на различни региони и со достапни ресурси.

Иницијативата делува од 2019 до 2025 година и досега биле изградени 79 единици, секоја од нив во рок од една седмица.

Трошоците за градење на ваква куќичка се меѓу 1.000 и 1.300 долари.