Најпознатиот руски кардиолог Јевгениј Чазов открил што е најголемиот убиец на 21 век – тивкиот непријател којшто го скратува животот и го уништува здравјето, а поголем дел од луѓето не се ни свесни за тоа.
Кардиологот Јевгениј лекувал најголем дел на функционери во земјата поради што го добил прекарот „доктор на Кремљ“.
Советските уметници, писатели и академци му го доверувале своето здравје. Без оглед на тоа, Јевгениј себеси се нарекува лекар за сите, а не само за некои избрани луѓе.
Во текот на животот слушнал илјадници срца. На пример, своите пациенти ги уверувал дека доколку се грижат за својот „мотор“, можат да живеат долго.
И сам го докажал тоа со сопствениот живот – уживал во цврстото здравје, никогаш не зел боледување и доживеал достоинствени 92 години. Починал во 2021 година.
Во текот на кариерата често давал интервјуа во кои одговaрал на прашања кои најмногу ги интересирале пациентите, а со самото тоа и на сите луѓе.
Говорел за тоа што го продолжува, а што го скратува животот. Своите препораки никогаш не ги менувал затоа што го издржале тестот на времето и искуството.
Која е тајната на моето здравје?
„Често ме прашуваат која е тајната на моето здравје. Мојата мајка, исто така докторка, ме научи на тајната уште кога бев дете. Пораснала во големо семејство, а во текот на граѓанската војна еден ден „паднала“ во рацете на белите и била осудена на смрт. Куршумот којшто бил испукан во неа за чудо поминал над срцето. Еден од жителите ја нашол и ја негувал додека не закрепнала“, раскажал Чезов.
Според неговите зборови, мајка му никогаш не се откажала и секогаш верувала во подобро утре. Тоа го пренела и на својот син. Му велела:
„Секогаш остани смирен. Облaците ќе поминат, а небото повторно ќе сјае. И најважно – бори се за својата вистина, а доколку не си во право, признај го тоа и поправи го“.
Мајка му го научила и дека животот не треба да го претворите во трка за пари:
„Не земај пари кои пациентите ти ги нудат, тоа е тежок грев“. Како млад доктор често го обвивале мисли да попушти пред тие искушенија, но еден настан засекогаш го ослободил од тие дилеми.
„Во 1954 година бев испратен во Тулск да им помагам на болничарите. Таа зима додека ги обиколував селата, ме повикаат кај едно тешко болно девојче. Имаше воспаление на белите дробови, мајка ѝ починала, а татко ѝ бил очаен од страв дека ќе го изгуби детето. Ја излекував со лек којшто тогаш беше вистинска реткост“, се присетил Чезов.
Кога таткото дознал дека девојчето ќе преживее, се обидел на докторот да го награди со пари. Чезов сфатил дека му ги нуди последно заштедените пари, па одбил.
Тогаш човекот во знак на благодарност, сакал да му подари кокошка и почнал да ја брка во дворот.
„Го замолив да ја остави кокошката, но тој негов гест на благодарност толку ме трогна што солзите секогаш ми доаѓаат на очи кога ќе се сетам на тоа“, говорел докторот.
„Долго работев од утро до мрак. Тогаш нема време да мислиш за одмор или за тоа што ќе јадеш. Некои говорат за предностите на овесната каша, а јас не можам да појадувам без чај со шеќер, џем, бел леб или мортадела.
Јадам сѐ освен путер, масти и димена храна. Најважно е да запаметите едно правило: прејадувањето го скратува животот. Сѐ останато зависи од вашиот организам“; одговорил кардиологот.
Меѓутоа, она другото кое навистина го скратува живoтот е стресот. Тој видел јасна врска меѓу стресот и срцевите заболувања.
„Не се сиромаштијата и тешкотиите она што го уништува нашето срце туку човековиот однос кон тие услови. Некогаш моите пациенти имаа повеќе од 50 години, а денес имаат и по 20, младите луѓе сѐ уште не доживеале големи загуби, а веќе доживеале инфаркт“.