Ново истражување открива: Повеќе од тројно зголемен ризик од еден од најсмртоносните облици на рак се крие во нашата уста

Точка

26/09/2025

14:12

1.367

Големина на фонт

а а а

Микробите кои секојдневно ги носиме во устата откриваат многу повеќе од самата орална хигиена — тие можат да укажат и на ризик од рак на панкреасот, еден од најсмртоносните облици на карцином кај луѓето.

Појасно од кога било е дека четката и забниот конец не само што можат да спречат паредонтоза, туку и да заштитат од рак, објаснува епидемиологот за рак Ричард Хејс од Њујоршкиот универзитет (NYU).


Панкреасот, орган во стомакот кој произведува важни ензими и хормони за варење, ретко развива тумори. Сепак, кога ќе се појави рак на панкреасот, стапките на преживување се трагично ниски – само 13% од пациентите преживуваат пет години, главно поради доцна дијагноза.

Ричард Хејс и неговите колеги анализирале примероци од орално испирање и здравствени податоци од над 300.000 Американци на возраст од 50 до 70 години, собрани од две големи американски истражувања – едното фокусирано на раните знаци на рак на различни органи, а другото на исхрана и ризик од рак.

Тие откриле 27 видови орални микроби кои биле поврзани со повеќе од тројно зголемен ризик од рак на панкреасот.


Особено три бактериски видови –

• Porphyromonas gingivalis,

• Eubacterium nodatum,

• Parvimonas micra

и една габа,

• Candida tropicalis,

биле силно поврзани со зголемен ризик.

Хејс нагласува дека, иако ова не значи дека самите микроби директно го предизвикуваат ракот, набљудуваните обрасци укажуваат на видови што заслужуваат понатамошно истражување.

Дополнително, некои микробни видови биле поврзани со намален ризик од рак, што уште еднаш ја нагласува важноста на рамнотежата во оралниот микробиом.

Широкото скенирање на микробиомот откри осум орални бактерии поврзани со намален, и 13 орални бактерии поврзани со зголемен ризик од рак на панкреасот, велат авторите на студијата објавена во списанието „JAMA“.

Профилирањето на бактерии и габи во устата би можело на крајот да им помогне на онколозите да ги препознаат пациентите кои имаат потреба од порано превентивно испитување за рак на панкреасот.