Недостатокот на овој клучен витамин може да предизвика дијабетес, срцеви заболувања, депресија – кои се симптомите на негов недостаток во телото?

Точка

26/09/2025

09:00

1.475

Големина на фонт

а а а

Витаминот Д е растворлив во мастите, од клучно значење за правилното функционирање на организмот.

Особено влијае на здравјето на коските и имунитетот, а бројни истражувања покажуваат дека може да придонесе и во превенција на одредени видови канцер и да ги заштити луѓето од хронични болести како што се остеопороза, депресија, дијабетес тип 2, срцеви болести и мултипла склероза.


Колку витамин Д е потребен?

Дефицитот на витаминот Д се дефинира како ниво под 20 ng/mL во крвта, додека пак вредностите меѓу 21-29 ng/mL се сметаат за недоволни.

Препорачаното дневно внесување за возрасни изнесува од 1.500 до 2.000 интернационални единици (IU).

Недостатокот на витамин Д спаѓа меѓу најраспространетите нутритивни дефицити во светот. На пример, во САД речиси 2 отсто од возрасните имаат дефицит, додека пак процентот е уште поголем кај Латиноамериканците (63 отсто) и Афроамериканците (82 отсто).

Симптоми на недостаток на витамин Д

- Чести инфекции и болести, слаб имун систем и зголемен ризик од респираторни инфекции.

- Хроничен умор и исцрпеност, се поврзува со лошиот сон и намалена енергија.

- Болки во коските и грбот, намалената апсорпција на калциум го зголемува ризикот од остеопороза.

- Анксиозност и депресија, особено изразена кај старите луѓе.

- Забавено зараснување рани, проблем особено по операција или повреда.

- Губењето на косата, често е поврзано со алопеција.

- Слабост во мускулите и хронични болки, витаминот Д учествува во нормалната функција на мускулите.

- Зголемена телесна маса, дефицит кој може да придонесе во гојазноста.


Кој е во ризик од дефицит на витамин Д?

Недостатокот на витамин Д често се јавува кај луѓето кои имаат:

- Потемна кожа (меланинот ја намалува способноста на кожата да произведува витамин Д);

- Ограничено изложување на сонце;

- Постара животна доба (над 65 години);

- Прекумерна телесна маса;

- Хронични болести на бубрезите, црниот дроб и системот за варење;

- Долготрајна терапија со одредени лекови, на пример кортикостероиди.