Изминативе неколку денови принцезата Кејт Мидлтон се нашла во центар на внимание на јавноста поради посетата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп.
Кејт максимално се потрудила да го покаже својот препознатлив и неверојатен моден стил и во тоа успеала.
Неколку совршено испланирани модни креации ја направиле да биде кралица на стилот, а последното кое го избрала за прошетка нив Frogmor Gardens со Меланија, веднаш привлекло големо внимание.
Спојот на миди здолништето и чизмите од кафеава кожа се совршени за есенските денови.
Кејт паметно ги искомбинирала боите и слоевитоста, па добила безвременски шик.
Во текот на средбата со првата дама Меланија Трамп, принцезата избрала префинета, но дискретна комбинација во која доминирала кафеавата боја која есенва е апсолутен хит.
За дневниот ангажман одлучила да носи „country-casual“ стајлинг којшто апсолутно прекрасно ѝ прилегал.
Изгледот го надополнила со кафеав џемпер и свилена марама, додавајќи совршен пример за слоевито облекување во земјени тонови.
По гламурозната вечера,Кејт демонстрирала практична, но и елегантна облека приспособена на природата и дневниот распоред.
Комбинацијата на миди здолниште и високи чизми сезонава останува непогрешлив есенски избор.
Монохроматските слоеви во кафеави тонови визуелно ја издолжуваат силуетата додека пак различните текстури даваат длабочина без преоптоварување.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?