Жените ширум светот „одлепија“ по него! Осамнаа 20 еротски видеа од најпосакуваниот убиец во скапа продукција, каде самиот е главен актер – партнерките во паника, тој ужива во славата

Точка

05/03/2025

13:08

5.521

Големина на фонт

а а а

Луиџи Манџионе (26), поранешен студент на престижниот универзитет „Ivy League“ (Ајви лига) е уапсен за наводното убиство на Брајан Томпсон, извршниот директор на „Јунајтед Хелткер“, а сега на виделина излегуваат нови шокантни детали од неговиот живот пред апсењето. Според инсајдерски информации, Манџионе снимил најмалку 20 високо стилизирани порнографски видеа со јасна желба да бидат гледани.

Како што пренесува „RadarOnline“, Луиџи Манџионе, кој е обвинет за убиство, не снимал обични, односно аматерски видеа од интимни односи и провокативни сцени – напротив, продукцијата била високобуџетна и внимателно осмислена.

„Осветлувањето беше совршено, сè беше испланирано. Сакаше луѓето да го гледаат, тоа му даваше задоволство“, открил изворот.


Многу од жените кои биле вклучени во неговите снимки сега се плашат да се огласат, преплашени дека би можеле да бидат вмешани во случајот.

Од престижни дипломи до злосторството кое ја шокираше Америка

Манџионе, кој потекнува од богато семејство, бил врвен студент – дипломирал на елитното приватно училиште Гилман во Балтимор како најдобар во генерацијата. Меѓутоа, неговиот живот добил сосема неочекуван правец.

Минатиот декември полицијата го барала за убиството на Брајан Томпсон, кој бил застрелан во раните утрински часови на 4 декември на улиците на Менхетен додека присуствувал на конференција. По петдневна потрага, Манџионе бил уапсен и најден со рачно напишан манифест во кој тој жестоко ја критикувал „UnitedHealthcare“ и ги обвинил големите компании дека го искористуваат американскиот народ за профит.


Неговата популарност пораснала дури и зад решетките, каде што, според изворите, „стекнал лојални женски обожаватели“, а жените наводно му испраќале писма и подароци во затвор.

Здравствени проблеми и двоен живот

Покрај тоа што наводно снимал експлицитна содржина, поранешниот цимер на осомничениот открил дека Манџионе има сериозни здравствени проблеми. Тој боледувал од спондилолистеза, состојба поради која неговите прешлени биле поместени, а несреќа при сурфање дополнително ја влошила и онака многу сериозната ситуација. Поради ова, како што тврди неговиот поранешен цимер, „не можел да води нормален интимен живот“.


Меѓутоа, новите извори сега велат поинаку.

„Луѓето мислеа дека тој е несфатен гениј, но тој снимаше сè како да е ѕвезда на сопствената приватна порноиндустрија“, тврди инсајдерот.

Крај на претставата?


Денес, Манџионе е во затвор и го чека судењето, а неговата приказна продолжува да ја интригира јавноста. Патувањето од брилијантен студент и член на високото општество до осомничен убиец со таен двоен живот, заедно со атрактивен изглед, му ја донесе толку посакуваната популарност, која се обидува да ја задржи со својот став и појавување на секое јавно појавување пред судот – дури и да се само мокасините за кои ќе се зборува во јавноста.