По невидена кавга пред камери, американскиот претседател Трамп и неговиот украински колега Зеленски ја прекинаа средбата во Вашингтон. Трамп претходно упати обвиненија против Зеленски дека ризикува трета светска војна.
Прво дојде до скандал во Белата куќа, жесток вербална пресметка пред камери, а потоа до предвремено заминување на Зеленски. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Џеј Ди Венс го укорија украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите со остри зборови.
„Ги ставате во опасност животите на милиони луѓе. Ризикувате трета светска војна“, рече Трамп обвинувајќи го Зеленски за непочитување преку залагањето за безбедносни гаранции од САД. За време на гласната расправија, Трамп го обвини Зеленски дека „воопшто не е благодарен“. „Ќе биде тешко да се води бизнис на овој начин“, додаде американскиот претседател.
Ukrajinski diktator na koksu pokušao da opljačka Trampa.
— Mario ZNA (@MarioBojic) February 28, 2025
Hejteri i zlostavljači usisivača će reći da je ovo Deepfake 🤣 pic.twitter.com/IEw87VzJlX
Поради сите овие случувања, социјалните мрежи не стивнуваат, па така настана и ова комично дипфејк видео на кое што Зеленски збеснува и се обидува да го ограби американскиот претседател, односно да земе нешто од неговите џебови.
Како ќе се одвиваат понатамошните преговори, останува да видиме.