Од она што Нострадамус му го предвиде на папата полазуваат морници: Полошо не можеше да биде! Откриено кој ќе го наследи, а на светот воопшто не му се пишува добро

Точка

27/02/2025

17:39

2.027

Големина на фонт

а а а

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој се бори со билатерална пневмонија, е во критична состојба, лекарите се претпазливи во прогнозите, но Ватикан соопшти дека бубрезите на папата Франциско откажале. Во пресрет на натписите за нималку лесната ситуација, се појави застрашувачко пророштво на Нострадамус од 16 век.

Нострадамус пишувал за папата во книгата „Les Propheties“ од 1555 година. Тој предвидел дека сегашниот верски поглавар на Католичката црква, папата Франциско, би можел да добие замена. Тој предупредил на „смртта на многу стар папа“.

„Со смртта на еден многу стар папа … ќе се избере Римјанин во добри години. За него ќе се говори дека му слабее видот … но тој ќе биде долго време активен и на чело“, се наведува во книгата.


Пророштвата одамна се отворени за толкување, а многумина тврдат дека не треба да се сфаќаат премногу буквално. А со папата се поврзува и предвидувањето на ирскиот Свети Малахија од 12 век.

„Во последното прогонство на Светата Римска Црква, на чело ќе биде Петар Римјанин, кој ќе го предводи своето стадо во многу неволји, а кога сè ќе заврши, градот на седум рида ќе биде уништен, а страшен судија ќе му суди на неговиот народ. Крај“.

Некои мислат дека тоа значи дека промената на папата може да значи крај на светот, пишува „Дејли мејл“.


Папата Франциско (88) бил примен во римската болница Гемели на 14 февруари, откако неколку дена имал тешкотии со дишењето. Му била дијагностицирана билатерална пневмонија. Голем број верници се молат за негово оздравување.