Денеска во светот има 196 национални знамиња, а речиси ниту едно од нив не е виолетово. Оваа боја отсекогаш се сметала за боја на кралствата, толку многу што во Англија во 16 век, кралицата Елизабета I не дозволувала никој друг освен нејзините блиски да ја носи. Сепак, главната причина била тоа што добивањето на оваа боја било исклучително скапо.
Првите виолетови бои биле добиени од мал морски полжав кој можел да се најде само во областа на денешен Либан. И не само што било тешко да се дојде до оваа боја, туку и биле потребни околу 10.000 морски полжави за да се добие еден грам виолетова боја.
Значи, виолетовата првенствено била резервирана за богатите и не било исплатливо масовното производство на куп знамиња со оваа скапа нијанса.
Во 1856 година, работите се смениле
Работите се смениле во 1856 година кога Вилијам Хенри Перкин открил начин како синтетички да направи виолетова боја додека се обидувал да направи лек за маларија. Од тој момент започнало масовното производство на виолетовата ткаенина, а припадниците на кралското семејство повеќе не ја вреднувале ова боја.
Денес само две национални знамиња имаат виолетова боја, Доминика и Никарагва. На знамето на Доминика, оваа боја може да се забележи на пердувите на папагалот, националното животно на земјата, додека на знамето на Никарагва, мал, едвај видлив сегмент во националниот грб содржи виолетова боја во рамките на виножитото.