Во поранешна Југославија овој предмет многумина го поседуваа – Сега се продава и по цена од 300 евра

Точка

05/03/2025

10:51

8.953

Големина на фонт

а а а

Производите од поранешна Југославија и денес предизвикуваат носталгија, главно поради нивниот квалитет, домашна изработка или препознатливиот дизајн.

Меѓу нив се и лустерите од 1970-тите, кои неодамна станаа вистински хит на социјалните мрежи.

На Инстаграм неодамна беа објавени фотографии од култните лустери од југословенскиот период, кои предизвикаа огромен интерес кај корисниците од земјите од поранешна Југославија. Особено внимание привлече моделот „Meblo Guzzini KSL“ со стаклена топка, дизајниран во футуристички стил.

Еден корисник под фотографијата напишал „Кога бевме деца, ги гледавме и замислувавме дека се летечки чинии“.


Интересот за овие лустери не се намалува, а многумина ги посакуваат во своите домови или како колекционерски примероци. На интернет можат да се пронајдат неколку модели, а нивните цени варираат од 70 до дури 300 или повеќе евра, што за многумина е изненадувачки. Сепак, меѓу колекционерите и љубителите на ретро мебел, таквите производи се исклучително ценети.


Некои примероци се достапни и на eBay, каде што исто така се продаваат по високи цени.


Производите од поранешна Југославија и понатаму предизвикуваат дискусии, при што некои ги фалат поради нивниот супериорен квалитет, додека други веруваат дека не можат да се натпреваруваат со западните брендови. Сепак, едно е сигурно – популарноста на југословенските производи не се намалува.