[ВИДЕО] Снимката од телохранителот на кралот Чарлс предизвика конфузија: „Дали се тоа лажни раце?“

Точка

04/03/2025

21:28

4.306

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс неодамна го посетил Корнвол, а снимката од неговата средба со граѓаните стана вирална на социјалните мрежи, поради невообичаен детаљ на телохранителот кој го придружувал. Имено, тиктокерите забележале дека телохранителот за време на средбата ги држел рацете неподвижни пред неговото тело, поради што многумина помислиле дека се работи за лажни раце.

„Неговите вистински раце се под палтото и држи оружје“

„Дали се тоа лажни раце? запраша еден тиктокер. „Неговите вистински раце се под палтото и држи оружје“, напиша друг, додека еден додаде: „На тој начин тие можат побрзо да реагираат“.

Watch on TikTok


Снимката од Корнвол брзо стана вирална и собра 6,5 милиони прегледи, а подоцна беше споделена и на Редит.


Инаку доколку внимателно се прегледа снимката, може да се забележи дека телохранителот во еден момент ги движи прстите на левата рака. Инаку, слично нешто се случи на крајот од 2022 година, за време на средбата на кралот Чарлс со граѓаните на Лондон, кога еден од телохранителите ги држел рацете пред неговото тело, што исто така предизвика дискусии на социјалните мрежи. Експертот за борба против тероризмот Вил Гедес тогаш ги коментирал овие шпекулациите.

„Имаме други трикови“

„Тие дефинитивно не се лажни раце. Разбирам зошто некои луѓе мислат дека се, бидејќи се работи за цврст стисок. Таквата тактика не се користи во Велика Британија. Имаме други трикови за да ги обезбедиме лицата од висок профил, но не и лажни раце“, изјави тој за Метро, и додаде дека таква опрема можеби се користи во САД.