[ФОТО] Во тајните архиви на Ватикан е пронајдена книга стара 900 години која ја предвидува годината на Судниот ден?! Сите кои го виделе таинствениот ракопис се прашуваат дали Франциско е последниот папа

Точка

06/03/2025

14:28

1.394

Големина на фонт

а а а

Во тајните архиви на Ватикан наводно е пронајдена книга стара 900 години, која ја предвидува годината на Судниот ден – моментот кога, според христијанското верување, Исус ќе дојде на Земјата да пресуди кој ќе биде спасен, а кој осуден. Според овој древен текст, судниот ден доаѓа во 2027 година.

Автор на овој мистериозен ракопис од Ватикан е свети Малахија, ирски архиепископ од 12 век, познат по своите верски реформи. Тој напишал дело наречено „Пророштвото на папите“, кое содржи низа енигматични латински фрази за кои се верува дека го опишуваат секој иден папа, почнувајќи од Селестин II во 1143 година и завршувајќи со сегашниот поглавар на Католичката црква, папата Франциско, пишува „Daily Mail“.

Оваа книга првпат била откриена во 1595 година од Арнолд Вион, бенедиктински монах, кој тврдел дека ги нашол списите на Малахија во тајните архиви на Ватикан. Последниот пасус од овој текст гласи:

„Во последното прогонство на Светата римска црква ќе владее Петар Римјанин, кој ќе го храни своето стадо среде многу неволји, по што градот со седум рида ќе биде уништен, а страшниот Судија ќе им суди на луѓето. Крај.“

Дали папата Франциско е последниот папа?


Едно од толкувањата на ова пророштво сугерира дека Петар Римјанин ќе го преземе папството доколку папата Фрањо се повлече поради здравствените проблеми. Папата Франциско, кој има 88 години, долго време се бори со сериозни респираторни проблеми, а неодамна помина повеќе од две недели во болница.


Друго толкување, пак, вели дека папата Франциско е всушност последниот папа во историјата, што дополнително се потврдува со изјавата на папата Сикст V во 1585 година: „Оска во средината на знакот“. Оваа фраза е интригантна затоа што Сикст V станал папа точно 442 години по првиот папа, а доколку бил во средината на пророштвото на Малахија, крајот би можел да се случи 442 години подоцна – односно во 2027 година.

Колку е релевантно пророштвото?

Фразите на Малахија биле предмет на различни толкувања низ вековите. Неговото пророштво содржи 112 кратки описи, а до 1590 година фразите биле исклучително прецизни и поврзани со папите на специфичен начин. По тој период, описите стануваат понејасни, но некои се сепак зачудувачки точни.

• „Gloria Olivae“ (Слава на маслинката) – Се смета дека ова се однесува на папата Бенедикт XVI, бидејќи редот на свети Бенедикт е познат и како Оливетани.

• „Lilium et rosa“ (Лилјан и Роза) – Овој опис е поврзан со папата Урбан VIII (1623 – 1644), бидејќи грбот на неговото семејство содржел симболи на лилјани и рози.

• „De labore Solis“ (Од затемнувањето на Сонцето) – Ова се толкува како референца на папата Јован Павле Втори, кој е роден за време на затемнувањето на Сонцето и бил папа од 1978 до 2005 година.

• „Peregrinus apostolicus“ (апостолски патник) – Многумина веруваат дека ова се однесува на папата Павле VI (1963-1978), кој е познат по многубројните патувања во други земји.


Дали доаѓа судниот ден?

Според последниот запис на Петар Римјанин, последниот папа ќе ја води црквата во време на големи неволји, што кулминира со уништувањето на Рим и крајот на папството. Оваа теорија неодамна повторно стана популарна, особено поради актуелните глобални кризи.

Зголемената тензија меѓу САД и Кина, војната во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток наведоа многу луѓе да веруваат дека пророштвото навистина се остварува. Покрај тоа, сè повеќе и повеќе земји, наводно, започнуваат нови програми за развој на нуклеарно оружје, што дополнително ги поттикнува стравувањата од претстојниот апокалиптичен конфликт.

Оваа тема беше централна за документарниот филм објавен во 2024 година, како и за поткастот „Sunday Cool“, каде водителот Џош Хупер го истакнал зголемениот број луѓе кои веруваат во пророштвото на Малахија.

Ова секако не е единствениот текст кој го предвидува крајот на светот. Книгата Откровение, напишана кон крајот на првиот век од нашата ера, исто така често се толкува како опишување на апокалипсата, а некои веруваат дека всушност предвидува нуклеарни експлозии, дронови, авиони, па дури и роботи.