[ВИДЕО] 300 милиони прегледи: Можете ли да поверувате дека и на двете фотографии е истата личност?

Точка

21/02/2025

16:09

1.443

Големина на фонт

а а а

Пластик Тиара (27), виетнамската дрег кралица, ги изненади своите следбеници со неодамнешното видео. Имено уметникот од Лос Анџелес објави видео на кое ја брише шминката и го соблекува костимот на дрег кралица.

Оваа видеоснимка собра преку 300 милиони прегледи и пет милиони лајкови поради неговата неверојатна трансформација.

„Се разбудив со чувство дека можам повторно да го шокирам светот“, напиша тој во описот на видеото.


Кадарот кој најмногу ги шокираше луѓето беше кога уметникот го соблече костимот, поточно градите.


„Не е фер некои луѓе да изгледаат толку добро и во двата пола, а некои едвај во едниот“, „Љубоморна сум“, „Поради ова имам проблеми со довербата“, „Не сфаќаш колку си среќен поради твојот изглед“, „Чекај, што?“, „Тоа е тоа, купувам гради“, „Прекрасен си“, беа само дел од коментарите под неговата снимка.

Кој е Пластик Тиара?

Пластик Тиара е уметничкото име на Дука Тран Нгуен, виетнамско-американски дрег изведувач, танчар и модел кој се натпреваруваше во 11-та сезона на „RuPaul’s Drag Race“ и 9-та сезона на „RuPaul’s Drag Race All Stars“. На Инстаграм има 3,6 милиони следбеници и 11,8 милиони на ТикТок, што го прави најследената дрег кралица во светот.


Дука е роден во Хо Ши Мин, а го израснале неговите баба и дедо. Тој се преселил во САД на 11-годишна возраст. Покрај тоа што се натпреварувал на „RuPaul’s Drag Race“, се појавил и во предизвикот „Snatch Game“ и во шоуто From „Farm to Runway“.

Во 2019 година ја објави песната „Iresistible“, а се појави и на насловната страница на „L’Officiel Vietnam“.

Дрег изведувачите стануваат сè попопуларни

Во последниве години, дрег изведувачите стануваат сè попопуларни. Ова делумно се должи на реалното шоу „RuPaul’s Drag Race“, кое се емитува од 2009 година и досега има 17 сезони. Станува збор за натпреварувачко реално шоу во кое РуПол Андре Чарлс ја бара новата американска дрег кралица.

Секоја сезона вклучува околу десетина натпреварувачи кои се натпреваруваат во бројни предизвици од епизода до епизода. „RuPaul’s Drag Race“ беше причината за бројни слични емисии како „RuPaul’s Drag Race All Stars“, „RuPaul’s Secret Celebrity Drag Race“ и над десет меѓународни верзии на шоуто, вклучувајќи британски, канадски, италијански и германски верзии.

Емисијата ја освои наградата Еми за извонредно натпреварувачко реално шоу четири години по ред (2018, 2019, 2020 и 2021 година).