Девојката која преку ноќ стана интернет сензација: „Нема да снимам жешки содржини, еден маж бараше тегла полна со моја плунка“

Точка

05/07/2024

16:44

7.074

Големина на фонт

а а а

Девојката која го урна интернетот откако одговори на прашањето „што ги излудува мажите во кревет“, досега заработила десетици илјади долари од продажба на маици, капи и реквизити со својот прекар.

„Hawk Tuah“ девојката се збогати поради едно видео и порача: „Нема да снимам содржина за возрасни“

Девојката која го урна интернетот откако одговори на прашањето „што ги излудува мажите во кревет“ стана популарна преку ноќ. И не само тоа, таа заработила десетици илјади долари од продажба на маици, капи и се други на што го ставила своето „hawk tuah“ лого.

Долго не се знаело која е, се претпоставувало дека е ќерка на свештеник и дека работи во училиште, а потоа неодамна го даде првото интервју во кое откри дека тоа не е точно и дека работи во мала фабрика во родното гратче во Тенеси.

Но, дала отказ откако преку ноќ станала популарна.

Сега ги замолила фановите повеќе да не ја прашуваат за профил на „Only Fans“ и дека со тоа нема да се занимава.


„Престанете да ме прашувате а тоа! Не снимам таква содржина и никогаш нема да снимам. Само се шегувам околу сето тоа“, рекла 22-годишната Хејли Велч, која неодамна беше снимена во друштво на Шекил О’Нил, а локална кантри ѕвезда ја повикала на бината на концерт на кој имало повеќе од 80.000 луѓе.

Хејли вели дека сè уште не се навикнала на славата.

„Морав да го убедам тато да не пука во папараците кои кампуваа пред куќата за да ме снимат“, рекла Хејли и открила кое е досега најбизарното барање кое го добила.

„Еден тип ми кажа да му пратам стаклена тегла полна со плунка и дека за тоа ќе ми даде 600 долари“ …



Спонзорирани линкови

Маркетинг