Мајката Кортни успеа да го сними преслаткиот момент на своето бебе и реши да ја сподели сцената на својот профил на "TikTok".
Имено, оваа мајка го снимила однесувањето на нејзиниот син кој спиел и се смеел во сон, а сцената донесе насмевка и на нејзиното лице.
Откако видеото беше објавено на "TikTok", беше прегледано повеќе од два милиони пати и доби илјадници лајкови.
Бројни корисници на платформата и напишаа на Кортни во коментарите дека ретко што може да им го подобри денот како искрената детска смеа.
„Преслатко, можев да го слушам ова цел ден“, „Децата не ни знаат колку ни го разубавуваат денот кога искрено се смеат вака“, „Посакувам да знаев што го насмеа толку многу“, „Видеа од децата кои се смеат се лек и за најлошиот ден“, се само дел од коментарите.