[ВИДЕО] Дали би се осмелиле да преспиете тука: Турист престојувал во напуштена зграда, а погледот оттаму го оставил без здив

Точка

03/10/2024

18:33

989

Големина на фонт

а а а

Травел блогерот, Урош Полајжер, сподели снимка на социјалните мрежи од својот апартман во Гиза, а погледот оттаму ги воодушеви неговите следбеници.

Тој на снимката, влегува во зграда која делува како напуштена, а потоа ја покажува терасата од која можат да се видат пирамидите, при што погледот изгледа како од бајките.


„Оваа зграда изгледа како да ќе се сруши во секој момент, но погледот е феноменален“, „Мислам дека не би имала храброст да го изнајмам овој апартман, но гледам дека неговиот ризик се исплатил“, „Уличките ме потсетуваат на видеоиграта „Assasin’s Creed“, беа само дел од коментарите на неговите следбеници на ТикТок.


Главните, египетски, туристички дестинации се наоѓаат во долината на реката Нил, а покрај пирамидите, тука е и Големата сфинга, храмовите Абу Симбел и Карнак, како и Долината на кралевите.


Туризмот сочинува 10 до 15% од египетската економија, а околу 12 милиони туристи секоја година ја посетуваат оваа земја. Во 2017 година „Bloomberg“ објави дека Египет е безбеден за посета, без опасности од општествени и политички немири, и го вброи на листата 20 најдобри туристички дестинации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг