Африканците зборуваат за животот во Србија: Тука не нè мразат како во Америка

Точка

28/09/2024

15:47

839

Големина на фонт

а а а

Африканецот којшто живее во Англија, во едно од своите видеа на Инстаграм, кажа дека сака да стане „првиот црнец, „travel blogger“ којшто ќе ги посети местата коишто многумина не можат или не смеат да ги посетат. Тој неодамна престојуваше во Србија, а во текот на својата прошетка низ Белград, се сретна со Африканец од Танзанија, и побара од него да ја опише Србија од гледна точка на црнец.

Тие двајца поразговараа околу животот во Србија, и впечатокот којшто го стекнале, а разговорот го објави на својот Инстаграм профил („blackman_datraveller“).


„Тука луѓето се многу зрели“

„Тука луѓето се многу зрели“, му одговори Танзаниецот на поставеното прашање. „Не ги мразат Африканците и нема дискриминација кон нас, каква што ја имаат Американците“ додаде тој.

Изненаден е од бројот на Африканци во Србија

Африканскиот инфлуенсер вели дека е изненаден од фактот дека сретнал многу луѓе од Африка во Белград. „Африканците честопати можеш да ги видиш во Германија, Франција и Англија. Но изненадувачко е тоа колку ги има баш овде, во Србија“, објасни тој. „Тоа е добро, животот овде е многу поевтин“, додаде инфлуенсерот.


Откако беше објавено ова видео, многумина Срби им посакаа добредојде. „Сакам да ги видам Африканците во Србија, секоја година ги има повеќе, добредојдовте“, „Замислете колку би бил поубав светот доколку сите луѓе беа волку зрели“, беа дел од коментарите на српските граѓани, а многумина странци коментираа дека поради оваа видео сакаат да ја посетат Србија и соседните земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг