[ФОТО/ВИДЕО] Ова се чекаше повеќе од 20 години: Најмоќната жена во „безобразна“ реклама

Точка

02/10/2024

19:19

10.352

Големина на фонт

а а а

Новата соработка на Бијонсе со компанијата „Levi’s“ се случи по повеќе од две децении и стана полн погодок.

За фактот дека Бијонсе е една од најпопуларните пејачки на сите времиња зборува и нејзиното неодамнешно појавување во кампањата на „Levi’s“, којашто можеше и да се очекува по нејзиниот кантри албум, на којшто во насловот на една песна се спомнува и овој познат бренд.


Се работи за реклама инспирирана од онаа од 1985 година, наречена „Launderette“, а Бијонсе во овој видео – спот привлече големо внимание со нејзиниот изглед.

Пејачката облечена во бела маичка и фармерки од познатиот бренд, со каубојски шешир на главата, влегува во перална за облека, додека нејзината хит – песна се слуша во заднина. Во моментот кога ќе стаса до машината, таа почнува да се соблекува, додека луѓето околу нејзе не го тргаат погледот од неа.

Бијонсе ги става соблечените фармерки во машината и останува облечена во бела маичка и долна облека од истиот бренд.


Инаку оваа соработка на Бијонсе и „Levi’s Jeans“ доаѓа по повеќе од 20 години, кога се случи нивната прва соработка. Тоа беше на почетокот од деведесеттите, додека пејачката беше дел од популарната група „Destiny’s Child“.