Еден човек добил отказ затоа што неговите шефови ја гледале неговата историја на пребарување на неговиот компјутер.
Џош Вилијамс (26) работел како администратор за услуги на клиентите три месеци, кога неговите работодавци го повикале на состанок. Тој признава дека неговата историја на пребарување вклучувала прилично „глупави работи“.
Што пребарувал на интернет за време на смената?
Тој барал теми како „Сајмон Кауел погреши со ботоксот“ и „дали болат турските заби“ пред да започне со неговата вистинска работа. Џош вели дека бил нападнат и затоа што три пати кажувал дека е болен и не можел да работи од „проклето глупави причини“.
„Сè уште бев на пробен рок на работата од која добив отказ. Имав два или три дена боледување и изговорите што ги користев беа проклето глупави“, вели тој.
@lifeofjosh1.0 For the first time i can admit i was in the worng #fyp #officelife #sacked ♬ original sound - Josh Williams
Останал без заштеда
„Дојде до тоа што обемот на работа едноставно не ми беше доволен. Едноставно немав некоја посебна работа, па ја барав на Google“, вели тој. Исто така, Вилијамс ги потрошил своите заштеди пред да биде отпуштен за да оди во Турција да си ги поправи забите. Потоа се завртел кон "TikTok".
„Знаев дека немам приход, па мислев дека единствениот извор што го имам е TikTok“, вели тој. Сепак, не сите се импресионирани од неговата приказна. Некои сметаат дека ова се прилично глупави причини за отказ со оглед на неговата возраст. Џош верува дека неговиот "TikTok" на крајот бил пречка за другите работни места за кои аплицирал.
„Очигледно тие го виделе видеото и ми вилеа дека моите вредности не се во согласност со нивната компанија. Тие буквално ми кажуваат дека го виделе мојот "TikTok" и не се чувствував добро поради тоа. Се засрамив“, вели тој.
Вилијамс ги советува сите да внимаваат на што прават и објавуваат на интернет за да не им се случи истата ситуација.