[ВИДЕО] Хрвати анкетирани да набројат пет градови во Србија: Од одговорите и самиот Тито би „се превртувал во гроб“

Точка

28/09/2024

20:52

20.435

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот портал „Индекс“ имал едноставно прашање за својата младина – Можете ли да наброите пет градови во Србија?“

Ретко кој успеал да собере пет точни одговори.

Сите минувачи ги споменувале Белград и Нови Сад, но надвор од овие два града ретко кој успеа да наведе уште некој друг.


„Нови Сад, Ниш, Шабац, Чачак, Белград …“, без поголеми проблеми набројувал еден тип. Не застанал ниту на пет: „Сремска Митровица, Шид …“ Другиот анкетиран имал малку поголеми проблеми, но се снашол. „Белград, Нови Сад, Бајина Башта, Кључ … Ако е место, не сум сигурен. И не можам баш во моментов“, признал тој.


Но, поголемиот број биле искрени и признале дека воопшто не би се снашле, но откако екипата на „Индекс“ ги убедила – сепак се обиделе. И, фијаско …