[ВИДЕО] Млад пар купил слатка куќа стара 127 години, а под кујната нашле невидено чудо длабоко шест метри

Точка

28/09/2024

20:29

9.086

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа ТикТок е објавено интригантно видео во кое сопствениците на куќа под подот на нивната кујна откриваат бунар стар 127 години кој е длабок повеќе од шест метри.

Ема Харисон (28) и Рис Страјнер (27) од Малверн Хилс ја реновирале својата кујна кога наишле на необично откритие.

Куќата е изградена во 1897 година.

Набргу откако се преселиле во својот нов дом, парот го открил капакот на бунарот и ја измерил длабочината со помош на конец и шолја. Тие сега го обновуваат бунарот со ставање стаклена покривка за да ја истакнат неговата викторијанска архитектура.


Куќата датира од 1897 година, па претпоставуваат дека бунарот е создаден во исто време со изворот на вода за домаќинството. Видеото што го споделија на Тик-ток стана вирално со повеќе од 8,2 милиони прегледи.

„Ние ги сакаме недвижностите од тој период и ова беше прекрасно откритие“, рекла Ема.

За жал, бунарот бил затворен од претходните сопственици, но парот открил дека даската сè уште го открива стариот дел од куќата.


Бунарот е сè уште во функција, така што во зима и наесен е полн, додека во лето нивото на водата опаѓа. Иако сè уште не ја тестирале водата, Ема вели дека е бистра и чиста и дека се чувствува како природна изворска вода.