[ФОТО] Родителите конечно ќе заштедат пари: Патики кои „растат“ заедно со детската нога

Точка

04/10/2024

17:21

6.704

Големина на фонт

а а а

Американскиот дизајнер на обувки, Двејн Едвардс, смислил нешто на што родителите веројатно никогаш не се надевале дека ќе постои, но што со задоволство би го прифатиле – патики кои „растат“ заедно со детската нога.

Патиките за деца, се направени на тој начин што се шират со зголемувањето на детското стапало.

Патиките се наречени „UNOS (U Need One Size)“, или потребна ти е една големина.


Ѓонот на патиките е поделен во облик на буквата „Z“, што ѝ овозможува на патиката да се прошири и во должина и во ширина за половина број. Ова ќе им овозможи на родителите поголема вредност за дадените пари, наместо да купуваат нови патики секој пат кога на детето ќе му порасне стапалото.

Патиките моментално се во продажба во САД, во ланецот продавници „Target“.

Пошироките ленти за повлекување на петицата и „јазикот“ на патиките се дизајнирани на начин што овозможува „малите раце“ полесно да ги држат, а исто така произведувачот вели дека патиките можат да се мијат во машина.


Дизајнерот, Двејн Едвардс изјави дека согледал можност револуционерно да го промени начинот на кој размислуваме за големината на чевлите. Неговата инспирација за „UNOS“ потекнува од практичноста и иновацијата. Ова претставува можност да се намали потребата од прекумерни резерви на чевли, а на потрошувачите им се нуди патика која ќе одговара за повеќе големини.

Патиките се достапни и за возрасни

Кога станува збор за горниот дел на патиката, дизајнерот се одлучил за платно, така што на тоа место патиката ќе се приспособува на растот на стапалото. Тоа исто така овозможува полесно да се приспособи кон различните облици на нозе, а ја намалува и тежината на патиката.


Меѓутоа, овие патики не се наменети само за деца, постои и верзија за возрасни. Додека големината на овие патики за деца може да се зголеми за половина број, кај возрасните таа може да се зголеми за еден цел број.

Цената на детскиот модел на патиките изнесува 35 долари, а за возрасните 50 долари. Исто така се нудат 16 различни бои на патиките.

Дизајнерот Едвардс, досега има дизајнирано повеќе од 500 модели на патики, а работел и за познатите рапери како што се Тупак, Снуп Дог и Ноториус Биг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг