„Целулитот е преубав“, напиша таа под снимката на Инстаграм, на којашто гордо ја покажува својата „кора од портокал“. Повеќе од 1,7 милиони луѓе го лакјуваа ова видео, но коешто е проследено со бројни критики, што е честа појава кога се работи за оваа девојка.
Моделот Грејси Бон има особено ретка форма на телото, бидејќи разликата помеѓу нејзиниот струк и колковите е огромна. Фактот дека нејзиниот изглед е невообичаен за жал, претставува доволна причина за луѓето да ја критикуваат и исмејуваат.
Коментарите под нејзиното видео само се зголемуваат: „Боже, ова ниту е здраво ниту изгледа убаво“, „Сигурен сум дека се работи за некоја болест“, „Нејзиниот задник е огромен“. Многумина ја споредуваат со разни ликови од анимираните филмови, додека има и такви кои им порачуваат на „критичарите“ да имаат повеќе сочувство. Други велат дека нејзиниот живот е сигурно тежок со такво тело, а таа има изјавено дека поради својот изглед, купува по две авионски карти кога патува.
Грејси Бон за својот изглед и критиките го вели следното: „Знам дека многумина ќе помислат дека претерувам и дека самата сум виновна поради тоа што сум „огромна“ девојка, но Господ таква ме создал и морам да го прифатам секој дел од себе. Јас никогаш не би зборувала негативно за нечиј изглед. Почитувањето е клучно. На крајот, само сакав да се забавувам како и сите останати. Доколку не ти се допаѓа нешто, престани да мразиш и задржи го тоа за себе“.