Тиктокерката Мина Ким од Франција на својот профил редовно споделува совети за штедење и паметна распределба на финансиите, а стана вирална кога раскажа како на своето момче му наплаќа 50 долари секој пат кога тој преспива кај неа.
Оваа тиктокерка почувствувала дека мора да ја објасни својата одлука да му наплаќа по 50 долари на нејзиното момче секој пат кога ќе спие кај неа.
Веднаш по читањето на насловот, луѓето ќе останат со две прашања: „Како можеш да му наплатиш на твоето момче што преспал?“, a вторoто е „Каде можеме да ја пронајдеме оваа личност?“
Па, се покажало дека Мина Ким не го исклучува своето момче од креирањето на нејзината содржина за заштеда на пари и, наместо тоа, го тера да ѝ ги плати сметките.
На „TikTok“, Мина објаснила како го натерала нејзиниот партнер да плати за тоа што го користи во нејзината куќа. Но, наместо да плаќа за секој предмет кој го користи поединечно, се чини дека 26-годишната девојка наплаќа паушален надомест од 50 долари (37 фунти).
Ако преспие повеќе од два пати неделно, тоа се 100 долари (74 фунти).
Нејзиниот главен план вклучува одложување на 50 долари во посебен паричник со пари, што ќе изнесува неверојатни 6.000 долари (4.470 фунти) кога паричникот ќе биде полн.
Жителката на Анџерс во основа на своето му наплаќа за кирија, намирници и сметки – но не од причината на која веројатно сте помислиле.
Мина всушност има посебен план како ќе ги потроши парите кои ѝ ги дава нејзиното момче. Таа објасни дека остава пари на страна, а кога сумата ќе достигне 6.000 долари, ќе го однесе своето момче на неговото патување од соништата во Мексико.
Сепак, и покрај добрите намери, нејзината одлука да го наплати неговиот престој наиде на бројни негативни коментари.
„Значи, го изненадуваш со одмор кој сам си го платил? Колку си љубезна“; „Како тоа такви луѓе се во врски, а јас сè уште не можам да најдам никого?“; „Чекај малку, треба ли да му платиш кога спиеш ти кај него?“, се дел од коментарите.