[ВИДЕО/ФОТО] Сите се прашуваат која е таа: Највпечатливиот фустан на Мет Галата го носела за многумина непозната дама

Точка

07/05/2024

17:44

14.958

Големина на фонт

а а а

Црвениот тепих на Мет Галата беше исполнет со бројни познати личности, но шоуто го украде една „мистериозна дама“ која беше прогласена за најдобро облечена на синоќешната свеченост.

Набргу по појавувањето на скалите на музејот во Њујорк, индиската претприемачка Мона Пател предизвика „хаос“ на социјалните мрежи, каде корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан креиран од Ајрис Ван Херпен и се прашуваа која е всушност таа.

Убавицата се преселила во САД во 2003 година - оттогаш основала неколку компании, како што се „HauteX Ventures“ и „radXai“, стартап во областа на здравствената технологија.

За многумина непознатата претприемачка воодушеви во фустан кој ја следел фигурата, а кој се состоел од корсет, сошиени впечатливи пеперутки како и проѕирни детали од тантела од страна.

Златните украси во облик на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи со оглед на тоа дека крилата механички се движеле сами по себе.

Изгледот го комплетирала со златни чевли со отворени прсти, а ја стилизирал Ло Роуч кој е познат по соработката со актерката Зендаја.

„Сакав мојот дебитантски изглед да биде нешто што ќе го слави моето наследство, а исто така ќе ја комбинира мојата љубов кон модата, а кога слушнав за темата, Ајрис Ван Херпен изгледаше како очигледен избор“, изјави Пател за „Vogue India“ во март.

Недолго откако таа зачекори на тепихот на Мет Галата, нејзините фотографии го освоија интернетот и се споделуваат на мрежите со коментари дека Мона Пател била најсоодветно облечена земајќи ги предвид темата и дрескодот на Галата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг