[ФОТО] Уште еден во низата контроверзни фустани во Кан: Поранешната љубов на Леонардо ди Каприо гордо ги покажа своите облини

Точка

18/05/2024

14:14

13.934

Големина на фонт

а а а

Во тек е 77 издание на Канскиот фестивал и секојдневно пристигнуваат славни имиња на овој голем настан.

На Канскиот фестивал редовно шетаат познатите убавици од модните писти, како на црвениот тепих, така и на гламурозните забави.


На еден таков настан којшто го организирал познатиот бренд на сладолед „Magnum“, вниманието на присутните го привлекла манекенката Тони Гарн, некогашната љубов на холивудскиот заводник Леонардо ди Каприо.

Нејзиното модно издание издоминирало, а манекенката била облечена во фустан чиј плисиран и целосно проѕирен материјал ја открил долната облека.


На Канскиот фестивал, 31-годишната Гарн го надополнила ова модно издание кое пристигнува со потпис на италијански „Diesel“, со ненаметлив накит и пар сандали со металик сјај.


Ви се допаѓа ли нејзината модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг