[ФОТО] Нејзините облини го „растурија“ бракот на Моника Белучи, а сега го освои Канскиот фестивал во светкава тоалета на „Louis Vuitton“

Точка

15/05/2024

18:17

20.246

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер официјално започна 77-то издание на Канскиот фестивал со премиерата на филмот „The Second Act“ на францускиот режисер Квентин Дупје, а вниманието на јавноста го привлече токму таа – актерката Леа Сејду.

Леа за оваа свечена пригода носела светкава тоалета на познатата модна куќа „Louis Vuitton“, која се карактеризира со длабоко деколте и дискретен шлиц.

Вакви модели на фустани, кои ги истакнуваат женските облини, познатата актерка често носи на големите настани, а впечатлив беше и фустанот што го носеше на премиерата на филмот „Dune: Part Two“ во Лондон.

Но, да се вратиме на Канскиот фестивал...

Актерката целото свое издание го надополнила со брановидна фризура, едноставен ѓердан и обетки и шминка во „nude“ тонови.

Инаку, Леа Сејду стана тема во јавноста во 2013 година поради разводот на италијанската дива Моника Белучи и францускиот актер Венсан Касел.

Имено, за време на снимањето на филмот „Beauty and the Beast“, во кој главните улоги ги толкуваат Венсан и Леа, се шпекулираше дека меѓу Касел и француската актерка се разгореле страсти и дека таа е виновна за разводот на тогаш најпопуларниот пар.

Леа во тоа време често ја споредуваа со Моника Белучи, токму поради нејзините облини, а кога тие две се најдоа заедно во филмот „Spectre“ пред неколку години и на низа промотивни активности на ова остварување, пошироката јавност имаше само едно прашање - „Како можат да бидат во добри односи?“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг