СЗО бара ограничување на оваа состојка!

Точка

15/05/2024

22:35

15.588

Големина на фонт

а а а

Кардиоваскуларните болести убиваат 10.000 луѓе во Европскиот регион на СЗО секој ден, соопшти Светската здравствена организација.

Светската здравствена организација ги повика земјите да воведат законски ограничувања за количината на сол во преработената храна, рестораните и мензите во рамките на низа препораки за сузбивање на прекумерното внесување и намалување на стапките на срцеви болести.


Речиси сите земји во европскиот регион, 51 од 53, имаат просечен дневен внес на сол над максималниот препорачан кој изнесува 5 грама дневно.


Ова претставува сериозен здравствен проблем бидејќи прекумерната консумација на сол е една од водечките причини за зголемен крвен притисок или хипертензија, која е најголем фактор за ризик за кардиоваскуларни болести, тврди СЗО.


„Колку е поголемо намалувањето на внесот на сол, толку е поголем падот на крвниот притисок: намалувањето на внесот на сол може да ја намали смртноста од кардиоваскуларни болести и појава на срцеви удари“, велат од европската канцеларија на СЗО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг