[ФОТО] Ја нарекуваат најубавата жена на планетата Земја, а поради нејзините провокативни фустани „гори“ црвениот тепих: Сите воодушевено гледаат во оваа фотографија – без да трепнат

Точка

13/05/2024

23:26

29.769

Големина на фонт

а а а

Кога се појавила во фустан без долен дел, го запрела времето за секунда и ги разбранувала настаните на фестивалот во Кан и многу, многу пошироко. Тоа било прилично смело издание, во стил на познатите разголени фустани. Некои велат дека изгледала гламурозно на несекојдневен начин, а други дека појавувањето во оваа комбинација е модна катастрофа.

Актерката Мадалина Дијана Гена е честа гостинка на „Канскиот фестивал“ кој оваа година ќе се одржи од 14 до 25 мај. Ја гледавме на црвениот тепих на филмските премиери, но и на „amfAR“ забавите од хуманитарен карактер, кои се неизбежен придружник на оваа традиционална манифестација.


Мадалина, која е родена во Слатина, Романија, најчесто носела фустани со попредизвикувачки дизајн, од кои ова издание се издвојува како најпровокативно. Станува збор за фустан кој е изработен од боди и наметка, па во потполност ги разголува нозете.




Оваа модна провокација била проследена со елегантни сандали и гламурозен накит како необичен микс со оваа тоалета. На Мадалина повеќе ѝ прилегаат пораскошни фризури отколку стилот кој го покажала во 2022 година на премиерата на филмот „Elvis“, но овој начин на стилизирање не бил во потполност неуспешен.

Канскиот филмски фестивал секогаш носи бројни модни шокови, каков што бил и овој фустан.


Како што се приближува „Канскиот фестивал 2024“, многумина се прашуваат дали Мадалина ќе се појави и оваа година. Истото прашање се наметнува и за Адријана Лима.


Доколку одговорот на двете прашања е „да“, двете ќе имаат предизвикувачка задача бидејќи ќе треба да го надминат сето она што досега го прикажале во Кан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг