Докторка од Харвард тврди дека овие три намирници се клучни за здравјето на мозокот – како да го намалите ризикот од деменција со соодветна исхрана

Точка

15/05/2024

08:42

15.483

Големина на фонт

а а а

Докторката Ума Најдо е нутриционистички психијатар на Харвард, а неодамна говорела дека не постои единствен начин да се спречи деменција.

Сепак, голем број од студиите изолирале одредени хранливи материи кои можат да помогнат во спречување на губењето когнитивно функционирање со текот на годините, како што се перцепција, внимание и носење одлуки.

Три видови невропротективни хранливи материи предизвикале најголем интерес кај експертката, а тоа се: антиоксиданти, витамини Б и полинезаситени масни киселини.


Антиоксидантите се борат против слободните радикали кои можат да ги оштетат мозочните клетки, витамините Б имаат важна улога во функционирањето на мозочните клетки, а полинезаситените масни киселини помагаат во поттикнување на раст на новите мозочни клетки.

Иако суплементите можат да помогнат во обезбедување на овие хранливи материи, докторката секогаш вели дека луѓето прво треба да преминат на поздрава исхрана, особено онаа основана на масни киселини како што се омега три.

„Кога јадете цела храна добивате витамини, минерали, здрави масти и протеини. Тоа е добра основа на која може да се изгради план за здрава исхрана. Омега три масните киселини се нутриенти број еден за здравјето на мозокот“.

Тие се наоѓаат во дивите риби, како што се сардината и лососот. Просечно филе лосос во САД тежи од 100 до 120 грама, а препорачаната количина за јадење неделно е околу 250 грама. Значи, треба да се обидете рибата богата со омега три масни киселини да ја имате во чинија најмалку двапати неделно.

„Доколку сте како мене и не јадете морски плодови, може да здивнете доколку прочитате дека соодветните омега три масни киселини може да ги добиете и од растителни извори, вклучувајќи: чиа семе, семе од сусам, ореви, ленено семе“, вели докторката.


„Вкупниот здрав начин на живот со добра исхрана, со редовни вежби, правилен сон, свесност, социјални врски, управување со стресот и недостаток на анксиозност, се клучни фактори за одбивање на состојбите како што е деменција“, истакнала докторката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг