По оваа реченица Фројд никогаш повеќе не спиел со својата сопруга: Сметал дека секоја жена треба да ги знае следните 7 важни работи

Точка

18/05/2024

13:13

34.570

Големина на фонт

а а а

Правилата на патријархалното општество на почетокот на 20 век биле чудни, а Фројд и Марта се придржувале до истите.

Страстите требало да се смируваат и биле резервирани за првата брачна ноќ. До тогаш, Фројд своите љубовни фрустрации ги ослободувал по пат на пишување писма на својата вереница. Често во нив бил груб и љубоморен.

Марта и Фројд се венчале во Вандбек, со верски обред, без оглед на тоа што Фројд бил атеист, а тоа го направиле за нивниот брак да биде признат во Австрија.


Марта го испочитувала вереничкиот статус и останала невина, додека Сигмунд, според приказните на Марија Бонапарта, нивна пријателка, во текот на вториот целибат имал барем еден сексуален однос.

Станот во којшто била сместена ординацијата на докторот бил скромно уреден, но со вкус. Во него Марта постепено учела како да го води домаќинството.

За осум години брак таа му родила шест деца кои рано починале.

Иако Марта бременоста ја поднела добро, дури била и среќна, сепак Фројд покажал еманципираност барајќи од блискиот пријател Вилхелм да најде нова метода на контрацепција затоа што тој почувствувал згрозеност кон најстариот начин на превенција за несакана бременост – коитус интеруптус (ејакулација надвор од вагината).

Реченицата после која никогаш повеќе не сакал да спие со сопругата:

„Секојпат кога си со мене, јас во мислите создавам слика на друг маж. Така го доживувам своето задоволство“, изјавила Марта Фројд. После оваа реченица и 11 години брак, Фројд повеќе никогаш не споделувал интимни моменти со сопругата.


Вака говорел Фројд за интимните односи

Сексуалноста е сечија слабост и сила.

Секој дел од телото е еротски.

Хомосексуалноста не е ментална болест.

Сите љубовни врски содржат амбивалентни чувства.

Учиме да сакаме од нашите претходни односи со родителите и старателите.

Нашата сакана личност станува дел од нас.

Фантазијата е важен фактор во сексуалното возбудување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг