Ума Турман го запре времето во Кан: Софистицираното издание на актерката ги воодушеви сите присутни

Точка

18/05/2024

19:40

13.688

Големина на фонт

а а а

Познатата Ума Турман одржа вистинска модна лекција вчеравечер на филмскиот фестивал во Кан.

Во софистициран фустан на премиерата на филмот „Oh, Canada“ во режија на Пол Шрејдер, таа изгледала како вистинска стилска икона. Ниту еден детаљ не го расипал впечатокот.


Ума Турман ја игра главната женска улога во филмот. За филмскиот спектакл на Канскиот фестивал, таа избрала вистински моден спектакл да го следи овој настан: свилен фустан со А крој и со елегантен ремен, наметка која зрачи со елеганција и совршени сандали.


Фризурата значи гламур на сите јазици во светот, исто како и накитот што го носела познатата Ума. Шминката ѝ била исклучително дискретна, што е еден од бјути трендовите кои ги носи Канскиот фестивал. Фустанот открил дека актерката не носела градник, но таа мала доза на провокативност не се косела со елеганцијата која ја покажа на црвениот тепих каде беше во друштво на Ричард Гир.

Турман покажа колку добра комбинација можат да бидат елеганцијата и благо провокативните детали, а кога ја познавате модата, можете да бидете уште попровокативни и тоа да изгледа убаво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг