Ако сакате да доживеете „стотка“, купувајте ги овие 3 намирници – ги има во секоја продавница

Точка

13/05/2024

14:45

25.157

Големина на фонт

а а а

Во Беверли Хилс се одржа годишната конференција на Институтот Минкен, а сите сакале да знаат дали можеме да живееме до 100 години. Тоа бил насловот на панелот кој ја исполнил салата до крај. Панелистите разговарале за тоа како може да им се помогне на луѓето да живеат поздраво и подолго.

Претприемачот Питер Дијамандис открил што прави на тој план: крева тегови, дава приоритет на протеините во исхраната, се обидува да спие најмалку 8 часа навечер и зема рапамицин, кверцетин и берберин.

Откако го слушнал ова, истражувачот на Сините зони - деловите во светот со најголема концентрација на стогодишници, Ден Бутнер, се обратил пред присутните и рекол дека постојат 3 намирници кои се од фундаментално значење за долговечноста.

Гравот е богат со протеини и ја потиснува желбата за грицки

„Ако сакате да земате некој додаток во исхраната, јадете околу 80 зрна црн грав дневно“, вели Бутнер.

Гравот е обилна и евтина храна богата со протеини која го исполнува желудникот. Луѓето кои живеат во многу жаришта за долговечност во светот му даваат предност на гравот во речиси секој оброк.


Оревите се добри за микробиомот

Ако не сакате грав, не мора да очајувате. Бутнер тврди дека луѓето кои јадат помеѓу 15 и 30 ореви дневно живеат околу 3 години подолго од луѓето кои не јадат ореви.

Оревите се омилен јаткаст плод меѓу жителите на Лома Линда, Калифорнија, кои живеат околу 10 години подолго од другите Американци.

Експертите велат дека јадењето јаткасти плодови е одлично за микробиомот бидејќи содржат многу влакна. Оревите содржат и многу линолеинска киселина, омега-3 масна киселина која е добра за здравјето на срцето, а ја нема во изобилство во другите јаткасти плодови.


Маслиновото масло е исто така научно поткрепен додаток во исхраната

Не само што употребата на маслиново масло е поврзана со подобро здравје на срцето, туку има и докази дека може директно да го заштити здравјето на мозокот со намалување на воспалението и заштита на крвно-мозочната бариера. Новото, 30-годишно истражување на повеќе од 90.000 луѓе ширум САД покажа дека дури и само малку маслиново масло дневно може да го намали ризикот од смрт кај луѓето со деменција за околу 28%, дури и ако остатокот од нивната исхрана не е многу здрав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг